Рибар го пронајде исчезнатото момче од скопско Долно Свиларе

 

16 годишниот Емир Екрем Мустафа од скопското Долно Свиларе кој родителите го пријавија за исчезнат, вчера доцна попладне бил пронајден жив и здрав во Дебар.

- Момчето беше донесено во нашата установа околу 20:30 часот од страна на полицијата. На телото немаше некои поголеми повреди освен гребнатини на десниот рачен зглоб и на десната страна на грбот. Направени му беа сите потребни медицински испитувања и тоа е во добра состојба, изјавил за МИА Исмаилаки Клења, дежурен лекар во Општата болница во Дебар/

Од МВР исто така го потврдиле пронаоѓањето на момчето, пренесува МИА. Според нивните информации, момчето, вчера околу 17:30 часот било забележано кај градската плажа на брегот на Дебарското Езеро.. Рибарот кој го забележал малолетникот, веднаш повикал полиција.

05.10.2013 - 10:37

најчитано сега