Измамени кумановчани останаа и без пари и без дрва за огрев

Кумановчани наседнале на измамата на свој сограѓанин. Се работи за жител на кумановското село Романовце кој одел во домовите на сограѓаните, ги лажел дека ќе им продаде огревни дрва по пониска цена од пазарната, земал капар и си заминувал, а кумановчаните ги оставал и без дрва и без пари, пренесува МИА.

Откако граѓаните сфатиле дека се измамени случајот го пријавиле во полиција.

Кумановчанецот со измамата си заработил 61.000 денари.

 

04.10.2013 - 15:20
Фото: 
Лидер.мк

најчитано сега