Ховит доаѓа во Скопје: Правам се што можам Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Британскиот европратеник Ричард Ховит на крајот на овој месец ќе допатува во Скопје за да се сретне со македонските власти, претставници на политички партии, невладини организации и медиуми, со цел да ја добие вистинската слика за следната Резолуција за земјава која веќе започнал да ја подготвува.

Како што јавува МИА, Ховит истакнал дека прави се што е во неговата можност Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

- Правам се што можам оти дефинитивно сакам Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Мојот, но и интерес на ЕУ и на самата земја е тие преговори да почнат, вели Ховит во изјава за МИА.

Ховит додава дека на крајот на месецов ќе допатува во Македонија за да види како течат работите на терен.

- Сите знаеме зошто годинешната предлог-Резолуција за вашата земја ја предложив толку доцна. Затоа, следната очекувам да ја издадам во нормално време и истата потоа да биде усвоена од Европскиот парламент. Едноставно, нема причина и сега да одложуваме, но не можам да кажам дали и што ново ќе предложам за Македонија, заклучува  британскиот европратеник.

 

04.10.2013 - 14:29

најчитано сега