Доминик Клајн доаѓа во Македонија
Доминик Валтер Роланд Клајн зад себе има блескава кариера, во која на репрезентативно и клубско ниво освои се што може да се посака. Осум пати првак во најсилнaта Бундес лига, шест титули во германскиот куп, три пати злато во најсилното европско натпреварување, во престижната Лига на шампиони. Најголемиот успех во неговата импресивна ракометна биографија е првото место и златниот медал на СП во 2007 година.
Во 2015 заради неговите достигнувања во ракометот Доминик Клајн е добитник на признанието за спортист на републиката Шлесвиг Холштајн која му ја доделена од страна на премиерот. Минатата година на 3 јуни направи вистински спектакл кога официјално пред 10.000 публика и луѓето кои беа дел од неговите ракометарски години кажа збогум на ракометот. Неговата големина со своето присуство на тој настан ја потврдија сите поканети тренери и ракометари од кои Клајн учеше и со кои играше. Миленик на публиката заради својата борбеност, бунтовност, емотивност но и себедавање за тимот и репрезентацијата.
Триесетипет годишниот Клајн денес ужива во улогата како амбасадор на ракометот, и како што вели сега има многу повеќе време за размислување, а работата со децата и младите е неисцрпна инспирација. Од неодамна тој е носител на амбициозниот проeкт на FC Bayern – Handball со кој сака да докаже дека и во овој дел од Германија има потенцијал за ракомет . За таа цел започна да работи со деца кои се навистина мали спроведувајќи “Отворен ден”. Неговиот пристап кон најмалите беше со воодушевување пренесен од германските медиуми. Во овој проект на Баерн и Клајн за децата генерацијата 2006/07 веќе се започнати и тренинзите. Тој верува дека со голема посветеност и многу работа ќе се дојде до целта.
На покана на капитенот, до лани негов соиграч во францускиот Нант, Клајн ќе биде гостин на петтиот јубилеен камп. Лазаров и Клајн во дресот на Нант во 2018 година го освоија второто место во ЛШ. Лазаров на покана на Доминик беше дел од спектаклот при неговото официјалното пензионирање.
Повеќе од 2 децении германското лево крило посвети на ракометот. Од тоа цели 10 години беше во тимот на Кил заради што низ шега германците го нарекуваа дел од инвентарот на овој клуб. Неговата клубска ракометна историја изгледа вака :
1998-2002 Германија TUSPO Obernburg
2002-2003 Германија ТВ Großwallstadt
2003-2005 Германија SG Wallau / Massenheim
2005-2006 Германија ТВ Großwallstadt
2006-2016 Германија THW Кил
2016-2018 Франција HBC Nantes
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа