Надал планира тајна свадба: Поканети 500 гости, а ќе има и посебно мени

 

Шпанскиот тенисер Рафал Надал  реши да се жени, а негова избраничка е Циска Перело, со која е во врска веќе 14 години, а се верија лани, во мај, во Рим.

Според шпанскиот тв канал “Телекинко“ парот планира да се венча следниот месец на Мајорка, а веќе е најавено дека тоа ќе биде свадба на годината.  Родниот град на Рафа, Манакор во Мајорка е наведен како можна локација за одржување на нивната венчавка.

Во јуни се очекува на островот да пристигнат 500 гости. За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста, известила новинарка која го следи шоу бизнисот и додала дека 30-годишниот тенисер ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои што е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.

Инаку, Надал ваквите претпоставки не ги коментирал.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега