Двојно убиство и самоубиство во Куманово - еве ги деталите
Жителите на кумановската населба Бедиње останаа шокирани по двојното убиство кое се случи претпладнево.
41-годишниот Маријан И. денеска ги убил 39-годишната Ф.С. и 45-годишната Валентина С. а потоа и самиот си пресудил. Кумановчанецот околу 11 часот и 30 минути дошол во куќата на Фросина во населбата Бедиње и со пиштол ги убил неа и Валентина, која била во нејзината куќа, пренесе МИА.
Полицијата работи на расчистување на настанот и мотивите за двојното убиство и самоубиство.
02.10.2013 - 14:04