Тажна вест: Почина легендарниот фудбалски судија Крсте Крстевски-Крцул

 

Вчера во Битола, на 79-годишна возраст по долго боледување, почина, Крсте Крстевски-Крцул, познат поранешен фудбалски и ракометен судија, фудбалски делегат и сестран спортист. Крстевски важи за еден од најдобрите спортисти во Битола и култна личност со која се поистоветуваа многу генерации.

Започна како боксер и атлетичар, стана републички првак во бокс, а успешен бил и како пливач. Подоцна продолжи како фудбалер во Пелистер, а по завршувањето на спортската кариера беше долгогодишен спортски работник, успешен фудбалски судија, запишан во историјата како најмлад фудбалски судија.

Им судел натпревари на големите Партизан, Црвена Звезда, Динамо и Хајдук, а по завршувањето на судиската кариера,стана фудбалски делегат. Неговата судиска кариера ја продолжи неговиот син Љупчо Крстевски, кој стигна до меѓународен судиски судија - еден од најдобрите во македонската историја.

Погребот на Крсте Крстевски-Крцул ќе биде денес во 12:00 часот на Буковските гробишта.

Извор: Гол.мк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега