Со своето БМВ удрил во ѕид од куќа - младо момче загина на патот Дебар-Струга

 

Синоќа се случила страотна сообраќајна несреќа околу четири часот по полноќ на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на селото Велешта.

Според податоците од МВР, до несреќата дошло кога 29-годишниот Агрон К. кој управувал автомобил марка „БМВ“, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа. За жал младото момче го загубило животот на местото на насреќата. Со него во автомобилот бил и 42-годишниот Б.В. од Струга кој се здобил со потешки повреди. Сопатникот бил веднаш пренесен во болница каде е задржан на лекување.

Полицијата работи на откривање на причините за несреќата.

02.10.2013 - 10:15

најчитано сега