Ова е најмоќниот природен антибиотик на сите времиња – буквално ги убива сите инфекции во телото
Дали некогаш сте се запрашале што правеле луѓето во Средниот век за да го одржат здравјето и да се одбранат од неизлечивите болести и епидемии од тоа време? Тие го пиеле овој моќен тоник! Прочистувачкиот пијалок е природен антибиотик кој ги убива грам-позитивните и грам негативните бактерии во телото. Тоа е моќен антивирусен, антигабичен, антибактериски и антипаразитски пијалок. Го зајакнува имунитетскиот систем, ја прочистува крвта и го подобрува крвотокот и работата на лимфните жлезди низ целото тело.
Тајната на магијата на оваа напивка лежи во вистинската комбинација на висококвалитетни, природни и свежи состојки. Некои од овие прехранбени производи се користат со векови и денес сѐ уште се чудотворни како и тогаш.
Куркума: Куркумата е еден од најдобрите зачини. Ова портокалово чудо од зачин:
– помага во прочистувањето на телото
– ги намалува воспаленијата
– ги убива бактериите и габите
– заштитува од канцерогени заболувања
– е здрав за срцето
– добар е за здравјето на мозокот
– помага при депресија
Ѓумбирот е најдобриот пријател на куркумата со слични полезни дејствија. Тој е:
– антивоспалителен
– антигабичен
– антибактериски
– ја намалува болката во мускулите
– ја ублажува вртоглавицата
– го подобрува здравјето на срцето
– го намалува нивото на шеќер
– го подобрува варењето
Лукот е моќен антибиотик, а сепак ги одржува во живот полезните бактерии. Оваа широко употребувана храна е:
– антибиотик
– ги убива габите
– моќно средство против многу болести
– го подобрува здравјето на срцето
– помага во регулирањето на крвниот притисок
– полн е со антиоксиданси и го подобрува здравјето на коските.
Кромидот е многу сличен на лукот и заедно тие се совршен пар за заштита на вашето тело. Што сѐ прави тој?
– го регулира нивото на шеќер во крвта
– ги ублажува воспалителните процеси во телото
– го помага производството на добриот холестерол
– моќен антибиотик
– заштитува од слободните радикали
Рен; ренот е моќен лек, особено за синусите и белите дробови. Оваа потценета храна:
– ги отвора синусните канали
– помага при настинки и грип
– одличен антибиотик
– помага во прочистувањето на мочните канали
– заштитува од канцерогени заболувања
Чили пиперчињата имаат:
– антивоспалителни својства
– добри се за кардиоваскуларното здравје
– природни ублажувачи на болка
– го зајакнуваат имунитетот
– помагаат при запек
– го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.
– помагаат во одржување на здравата телесна тежина
И на крајот, главната состојка е – јаболков оцет
– го намалува холестеролот
– помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта
– помага при воспаленија на грлото и затнат нос
– го подобрува варењето
– помага при одржувањето на здравата телесна тежина
– го крева нивото на енергија
– ја одржува свежината на вашиот здив и ви ја прави насмевката поблескава.
Сега кога ги знаете состојките на волшебната напивка, да ја направиме. Еве го рецептот.
Потребни состојки:
– 2 лажички прав од куркума или две коренчиња
– 700 ml јаболков оцет
– 1/4 чаша ситно исецкан лук
– 1/4 чаша ситно исецкан кромид
– 2 свежи лути пиперчиња, најлути кои можете да ги најдете.
– 1/4 чаша изрендан ѓумбир
– 2 лажици изрендан рен
Упатство:
1. Додадете ги сите состојки во еден сад, освен оцетот и измешајте ги.
2. Смесата префрлете ја во тегла.
3. Сипете го оцетот до врвот. Најдобрата пропорција е кога соодносот е 2/3 суви состојки и 1/3 оцет
4. Затворете ја убаво теглата и добро протресете ја.
5. Чувајте ја на суво и ладно место околу 2 недели. Протресувајте ја неколку пати дневно.
6. По две недели исцедете ја смесата.
7. Остатокот од неа можете да го користите како зачин при готвење.
Предупредување:
Напивката е многу лута, затоа внимавајте колку пиете. По пиењето најдобро е да изедете парче лимон или портокал. Најдобро е да земате по една лажичка дневно.
Изво: Мотика
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа