Клинган: Предизвиците со кои се соочуваат земјите-аспиранти за членство во НАТО се од политичка природа

Денеска командантот на Командата на здружените сили на Алијансата во Неапол, адмирал Брус Клинган, кој е во дводневна посета на Македонија, изјави дека предизвиците со кои се соочуваат земјите-аспиранти за членство во НАТО се од политичка природа, пренесе МИА.

- Во тој поглед, мислам дека како што тој политички процес се движи напред, и воените сили на Македонија, на Република Македонија, на поранешна Југословенска Република Македонија, бидејќи знаеме дека тоа е главното прашање, треба да продолжат со учеството за заедничките напори во одговор на безбедносните предизвици. Од таа гледна точка, имаме многу способен партнер од кој сме воодушевени да работиме заедно во соочување со тешките предизвици, рече командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол.

 Брус Клинган потенцира дека би сакал тоа партнерство и понатаму да продолжи.

- Воената соработка што ја имаме и која постојано ја унапредуваме може да се движи напред независно од тие политички предизвици и процеси, оцени  командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган.

01.10.2013 - 13:17
Фото: 
локално

најчитано сега