Ахмети и Бесими во Брисел пред објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија

Лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети од денеска е во официјалната посета на Брисел пред објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија од страна на ЕУ.

Средбите на Ахмети во Брисел, и планираните посети на Париз и Хаг, како што најави ДУИ, е продолжение на комбинираните домашните и меѓународните напори за поттикнување на интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ.

Предвидено е Ахмети во Центарот за студии на европските политики да организира тркалезна маса за перспективите на Македонија, како и да се сретне и со европскиот комесар за проширување Штефан Филе, директорот за Европа и Азија во надворешната служба на ЕУ, Луиз Филипе Фернандез Де Ла Пења, политичките советници на претседателот на Советот на ЕУ, Ван Ромпуј, европратениците Едуард Кукан и Ричард Ховит, кој воедно е и известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Ахмети од Хаг заминува за Париз. Во Елисејската палата и ќе се сретне со Фабиен Пеноне, советникот  за Балканот при што ќе побара поактивен ангажман на Франција и претседателот Франсо Оланд за решавање на прашањето за името.Потоа Ахмети ќе ја посети и Холандија, каде што ќе се сретне  со министерот за надворешни работи Франс Тимераман, а ќе има и повеќе други  средби.

Ахмети ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и шефот на неговиот Кабинет, Артан Груби.

01.10.2013 - 12:58
Фото: 
А1.он

најчитано сега