Адмирал Килинган импресиониран од придонесот на АРМ во мировните мисии

Kомандантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган, од денеска е во дводневната официјална посета на Македонија.

Командантот оствари средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана Талат Џафери.

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Котески ја потенцирал заложбата и аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, како и посветеноста на АРМ за понатамошно одржување на достигнатите интероперативност и оперативна способност за учество во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН. Тој посебно го нагласил спроведувањето на Концептот за оперативни способности на НАТО.

Адмиралот Клинган истакна дека е импресиониран од придонесот кој Република Македонија и АРМ го даваат со учеството во мировните мисии, додавајќи дека соработката со АРМ игра значајна улога во реформските процеси на Армијата, како и во донесувањето на важни одлуки во планирањето на операциите на Алијансата.

 

01.10.2013 - 12:47
Фото: 
Канал5

најчитано сега