Европратениците најавуваат позитивен извештај за Македонија

Денеска европарламентарецот од Германија Мартин Кастлер и неговиот естонски колега Туне Келам остварија средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

-Знаеме дека Македонија во октомври ќе има позитивен извештај за напредок. Штефан Филе е импресиониран и силно се залага за Македонија. Ова денес го изјави европарламентарецот од Германија Мартин Кастлер, пренесе Курир.

Министерот Попоски истакна дека со европарламентарците разговарале за македонската европска агенда и за можностите за напредок.

-Се надеваме дека престојниот извештај ќе го отслика напредокот кој Македонија го има во изминатата година, нагласи Попоски.

Постигнавте добар напредок, а како дел од истиот ќе го споменам рангирањето на Светската банка за вашата земја, која Македонија ја стави на 23 место од над 180 земји, како земја каде деловната клима е значително подобрена, посочи Келам.

01.10.2013 - 11:55

најчитано сега