Пике со брутален одговор: Колку пати сум имал секс овој месец- Се бројат ли натпреварите против Реал?

 

Жерард Пике синоќа беше гостин во ток шоуто „Ла Ресистенсија“ на Мовистар и дефанзивецот на Барселона беше на висина на задачата со своите шеги и коментари.

Пике пред неколку дена на Твитер сам се покани да гостува во популарната емија „Ла Ресистенсија“, желбата брзо му беше исполнета и синоќа му беше гостин на водителот Давид Бронкано.

Дефанзивецот на Барселона е познат по тоа што на социјалните мрежи сака да испраќа „отровни стрели“ и да ги „пецка“ ривалите, па и сега беше на висина на задачата со своите шеги и коментари.

На прашањето колку пати имал секс во изминатите месец дена, Жерард Пике одговори со прашање и алудираше на победите на Барселона против Реал.

„Се бројат ли и натпреварите на Сантијаго Бернабеу?“ – порача дефанзивецот.

Следеше прашање за тоа колку пари има на сметка, а овој пат настрада градскиот ривал на Барселона.

„Имам повеќе пари од буџетот на Еспањол за оваа година“ – гласеше одоговорот, по што водителот Давид Бронкано му посочи дека буџетот на Еспањол е 57 милиони евра.

„Не се 57 милиони… многу повеќе се… проверив пред да дојдам! (Еспањол има буџет од преку 95 милиони евра)“.

Жерард Пике се мајтапеше и со самиот водител кој е фан на Атлетико.

„Имам парче мрежа од головите од последниот меч на Калдерон, но ја заборавив дома. Сакав да ти донесам дрес од репрезентацијата на Каталонија, но и тој го заборавив“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега