ФОТО: "Да не беа кучињата немаше да бидам жив" - еве како Ристо од кавадаречко се спасил од разбеснетиот бик

 

Сточарот Ристо Чочев од кавадаречкото село Куманичево за Дневник раскажува за несреќата која ја доживеа кога му се нафрли разбеснет бик.

- Беше страшно! Да не беа кучињата, сега немаше да бидам жив. Тие се нафрлија на бикот, а тој ме остави и бегајќи, се скри во шталата. Да не беа моите шест кучиња, бикот ќе ме убиеше - раскажува 72-годишниот сточар за Дневник.

Дури и по три години на лицето на Ристо се забележува грчење кога тој зборува за немилиот настан.

-Разбеснетиот бик одеднаш налета на мене и го закачи рогот во моите алишта, ме кутна од височинката на која стоев, а потоа почна да ме боде со рогот и да ме превртува повеќе пати. Пак ме дигна на рогот и ме тресна од земја уште неколкупати, ја раскажува потресната приказна Ристо.

 - Kога сега размислувам за тоа, ми се чини дека бикот, кој го чував шест години, им се одмаздуваше на луѓето. Една вечер, некое време пред несреќата, бикот си дојде дома од пасење со скршен рог, најверојатно од лош и непромислен, злобен човек. Можеби затоа откако му беше скршен рогот извесно време беше нервозен. Можеби ги замрази луѓето, којзнае, раскажува Чочев за Дневник.

Сепак, и покрај се што се случило овој старец не изгубил волја за сточарството.

01.10.2013 - 10:43
Фото: 
Дневник

најчитано сега