За вашите билки да цветаат долго и богато - овој раствор ќе ви помогне да добиете бујни цветови и листови
Било кое саксиско цвеќе повремено треба да се потхранува, особено во вегетативен период и период на цветање. Да се предизвика зголемено растење и цветање на најбезнадежните билки, ќе ви помогне обичен квасец.
Ако сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, можете сами да подготвите раствор за нивно хранење.
Потребно ви е:
- 10 грама свеж квасец
-1 кафена лажица шеќер
- 1 литар топла вода
Растворете го квасецот во вода, додадете шеќер и промешајте. Оставете да отстои, минимум 2 часа. Со ваков раствор полевајте го цвеќето два пати месечно во есенско-зимскиот период, и еднаш во десет дена во пролетно-летниот период.
Ќе забележите како листовите стануваат се позелени, а цветањето побујно и побогато.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа