Адмирал Брус Клинган денеска во Македонија

Командантот на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Брус Клинган денеска ќе престојува во официјална посета на АРМ.

Клинган ќе се сретне со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески и со министерот за одбрана, Талат Џафери.

Според најавите, на средбите адмирал Клинган ќе се запознае со реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, искуствата од мисиите предводени од НАТО, декларираните капацитети на АРМ за поддршка и учество во мисиите и учеството во пост-ИСАФ. 

01.10.2013 - 08:44

најчитано сега