Свеж и врнежлив ден

 

Времето во Македонија претпладне ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата. Попладне само по некаде ќе има појава на локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието ќе биде засилен.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до  13, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

 

01.10.2013 - 08:09

најчитано сега