Наум Петрески: Направив сообраќајка но не побегнав

Наум Петрески затсношти направил сообраќајна несреќа која, за среќа, поминала без потешки последици. Несреќата се случила на патот Охрид-Струга, а фолкерот кој бил сам во автомобилот поминал без повреди, јавува Вечер

 

"Тоа и не беше несреќа. Само се закачив со друг автомобил и, за среќа, се е во ред. Некои медиуми објавиле дека сум избегал од местото на несреќата, а тоа не е така. Бев во полиција во Струга каде што потпишав записник. Тоа е, од мравка, слон се прави кај нас", ни изјави фолкерот, откривајќи дека и тој и другиот возач поминале без повреди, а штетата на автомобилите е минимална.

Фолкерот инаку во моментов е во Струга, каде е во посета на ќерките кои ги има од првиот брак. 

30.09.2013 - 23:13

најчитано сега