Пандев: Победивме рутински, а Елмас е роден да биде лидер
Капитенот Горан Пандев со многу емоции го играше натпреварот против Летонија, затоа што за него ова беше јубилејниот 100. настап во дресот на Македонија. Тој за Гол.мк истакна дека до посакуваните три бода нашата најдобра селекција дошла рутински.
„Благодарност до сите што дојдоа да честитаат. Најважно беше да се добие овој натпревар. Победивме рутински и зачувавме сили за против Словенија, затоа што на гости не очекува многу потежок натпревар. Се надевам дека сите добри работи што ме пратат во март, како јубилеј во Серија А, јубилеј за Македонија и гол со Јувентус, ќе ги заокружам со победа во Словенија. Најважно ни беше да тргнеме со победа, овие три бода се добри за нас“, изјави Пандев за Гол.мк.
Капитенот ја прокоментира и играта на младиот Ељиф Елмас, кој влезе од клупа и блесна со два гола.
„Знаеме Елмас со каков талент располага. Среќен сум за него и се надевам дека во иднина ќе игра уште многу натпревари. Се работи за роден лидер, тоа го покажува играта, гледам дека во иднина може да биде лидер. Не е лесно да се влезе од клупа и да се даде два гола. Има карактер, харизма и се да игра во уште поголем клуб, а потоа и во националниот дрес“, додаде Пандев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа