„Помилување за новинарот Кежаровски“

 Либералната партија го повикува министерот за правда, во рамките на своите законски надлежности, да поведе постапка за помилување на новинарот Томислав Кежаровски, а претседателот на Република Македонија, согласно надлежноста која му ја дава Законот за помилување, да го помилува новинарот.

- Од денот на неговото апсење, овој случај е проследен со континуирани протести на новинарите и во медиумите и на социјалните мрежи. Ваквите одеци во јавноста треба да бидат јасен сигнал за најповиканите да постапат согласно своите овластувања, се вели во соопштението до Либералната партија

30.09.2013 - 20:51

најчитано сега