Ни пристигна есента - и утре облаци дожд и силен ветер

Во текот на утрешниот ден времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во западните делови од земјата. Попладне само по некаде ќе има појава на локален дожд, а ќе дува и ветер кој постепено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен локален дожд и ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до  13, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

30.09.2013 - 16:34

најчитано сега