Пратениците ги поддржаа измените на Законот за јавни набавки

 

Денеска по паузата македонските пратеници завршија со разгледувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, во прво читање, и заклучија дека е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

Горан Мисовски од НСДП обвини дека околу 70 милиони евра годишно се перат преку анекс договорите на тендерите во Македонија. Заклучи дека и во новото предложено законско решение нема одредби со кои ќе се спречат ваквите нерегуларности во иднина.

Во својата реплика, Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека појавата на непредвидени работи кај поголемите објекти е вообичаена пракса и додаде дека во Европа се дозволува овие непредиведни работи преку анекс договори да одат до 50 отсто од првично предвидената вредност, а кај, нас, нагласи, е многу порестриктивно и е дозволено само до 30 отсто.

30.09.2013 - 16:29
Фото: 
Журнал.мк

најчитано сега