Кавадарчанец пронајден во безсознание во автомобил

Денеска околу 13 часот било пронајдено лице во безсознание како лежи во возило во Кавадарци.

Настанот во полиција го пријавил случаен минувач кој на полицијата и кажал дека видел млад човек кој лежел во бесознание во патничко моторно возило на улицата „Шишка“ во Кавадарци.

- Полицијата излезе на местото, а истовремено повикана е и кавадаречката итна медицинска помош со која лицето било пренесено во болницата. Лицето било неконтактибилно. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицето и околностите во кои паднало во бесознание, изјави Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес за МИА.

30.09.2013 - 16:18

најчитано сега