Во Кратово дистрибуирани најмногу електронски здравствени картички

Директорката на ФЗО  на Македонија Маја Парнарџиева Змејкова денеска е посета во Кратово, каде што се дистрибуирани најмногу електронски здравствени картички и се очекува до крајот на годината веќе да не се издаваат сини картони.

На средбата со градоначалникот на Кратово Мите Андоновски беше разговарано за прашања од взаемен интерес, а кои се во корист на граѓаните на Кратово кои истовремено се и осигуреници на ФЗОМ. Како што соопшти Фондот, Парнарџиева Змејкова и Андоновски разговарале за достапноста на здравствените услуги и притоа било констатирано дека Кратово се соочува со недостиг од лекари во руралните подрачја и затоа апелира за лекари во руралните амбуланти во селата Секулица и Страцин. Достапноста на лековите во аптеките во Кратово е на задоволително ниво.

Директорката на ФЗОМ се сретна и со претставници на приватните здравствени установи и коморите за да се слушнат и нивните мислења и предлози за соработка со Фондот.

30.09.2013 - 15:44
Фото: 
кис

најчитано сега