Ахмети и Бесими на состанок зад затворени врати со дипломатите на земјите-членки на ЕУ

Али Ахмети и вицепремиерот Фатмир Бесими, утре во Брисел ќе одржат состанок зад затворени врати со дипломатите на земјите-членки на Европската унија.

Овој настан се држи во тајност и истиот треба да се одржи утре напладне во организација на Центарот за европски политички студии, пренесе МИА. Од оваа невладина потенцираат дека целиот настан ќе биде зад затворени врати со т.н. „Четам хаус” правило (правило според кое ништо од средбата/конференцијата не смее да излезе од јавност), како и дека дописникот на МИА од Брисел не е добредојден на настанот.

Со оглед на засилената дипломатија изминатиот период поврзана со македонските евро-атлантски интеграции и пробивање на мразот во наметнатиот спор за името со Грција, јасно е дека токму тоа и ќе биде темата на која Ахмети и Бесими ќе разговараат со дипломатите од ЕУ, пренесе МИА.

30.09.2013 - 15:11

најчитано сега