Македонски доктори од странство ќе можат да се вратат во Македонија и да ја продолжат кариерата

 

Министерството за здравство на република Македонија предвидува нова мерка со чија помош македонските доктори кои работат во странство повеќе од 5 години, ќе можат да се вратат во татковината и тука да ја продолжат својата кариера.

За ова денеска информираше министерот за здравство, Никола Тодоров, кој појасни дека се работи за мерка од Владата со која за првпат се овозможува ангажирање на наши еминентни и докажани доктори кои работат во странство, да се вратат и тука да ја продолжат кариерата.

-Се планира да бидат ангажирани истакнати доктори на медицина, специјалисти, односно супспецијалисти од државите членки на ОЕЦД или македонски државјани, кои работеле најмалку пет години непрекинато во здравствени установи, односно високообразовни установи од областа на медицината во државите членки на ОЕЦД, како и раководни лица од здравствени установи во државите членки на ОЕЦД, изјави денеска Тодоров.

Министерството за здравство ќе формира комисија за да се одберат најдобрите кандидати со големо знаење и вештини.

Министерството за здравство со македонските доктори кои работата во странство  ќе склучи заеднички договор за вршење медицинска дејност како здравствен работник во јавна здравствена установа.

Министерот за здравство очекува дека интересот ќе биде голем.

 

 

30.09.2013 - 14:47

најчитано сега