Екипата на Шалке 04 вечерва е пред невозможна мисија во Лигата на шампионите и дуел против Манчестер Сити против кого брка негатива од еден гол од првиот натпревар во Германија (2-3).

Некогашниот шампион на Бундеслигата и вечерва на „Итихад“ нема да биде сам, бидејќи бројни Германци веќе лудуваат низ улиците на Манчестер. Меѓу нив има и членови на популарната група „Уге“, која е збратимена со „Комити“ од Скопје, а нивото големо пријателство го слушна и Манчестер, откако се пееше „Гелзенкирхен – Скопје“.

Вака германските фанови ги поздравија своите браќа од Скопје: