Цел стадион во солзи: Ѓере ја освои првата титула, па ги расплака сите (видео)

 

Српскиот тенисер Ласло Ѓере ја освои својата прва АТП-титула во кариерата. Во финалето во Рио де Жанеиро тој славеше над канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алијасим (6-3, 7-5), па имаше емотивно обраќање.

Судбината не била на страната на Србинот, затоа што тој ги загубил двата родитела, кои починале од рак. Тој им ја посвети титулата и искрено кажа дека се надева дека тие сега го гледаат од небото и се гордеат со него.

„Ја загубив мојата мајка пред седум години и сакам да ѝ го посветам овој трофеј. Исто така, овој трофеј е и за мојот татко, кој почина пред два месеца. Се надевам дека тие ме гледаат од небото. Тука сум на 23 години без двајцата родители. Сакам само да ги направам да се чувствуваат горди“, изјави Ѓере.

Ѓере се наоѓа на 90. позиција на АТП-листата, а со првата титула тој ќе напредува меѓу светскиот тениски поредок. Највисокиот пласман му е 83. позиција, но се очекува тој да го надмине своето најголемо достигнување

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2019 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега