Мијалков бара извинување од Заев
Директорот на дирекцијата за безбедност и контрарзузнавање, Сашо Мијалков бара извинување од лидерот на СДСМ, Зоран Заев за изја дадена за порталот Нова. Како што јавува Вест, адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски му испратил писмо на лидерот на СДСМ за изјави дадени за порталот но и на прес конференции кои според Мијалков содржеле клевети и навреди.
Адвокатот се повикува на член 13 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда и, “во насока на ублажување на штетата”, очекува во рокот определен со закон Заев да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на изјавата.
27.09.2013 - 20:12