Горат две куќи во Штип - пожарникар заврши во болница
Горат две куќи во центарот на Штип. При гаснењето на пожарот кој избувнал пред два часа, повреден е еден пожарникар.
Како што пренесува Плусинфо, пожарникарот се повредил откако паднал од покривот на едната куќа, каде се борел со огнената стихија.
Екипа на Итна помош го пренела повредениот пожарникарот во штипската Клиничката болница.
Пожарникарите сеуште се обидуваат да се справат со страотниот пожар.
27.09.2013 - 15:12