Како најлесно да исчистите тава, пегла, када - потребна ви е само сол

 

Вашите главни помагачи во чистењето на домот се главно скапите средства, но не заборавајте дека од голема помош се и намирниците кои ги имате во кујната, како на пример сол, сода бикарбона, оцет...еве како најдобро ќе ги искористите во домаќинство.

За блескаво бела када - ако вашата клада ја изгубила првобитната белина, користете сол. Измешајте сол со трепентин, ставете ракавици, нанесете сол на сунѓер и истријте ја кадата. Измијте со топла вода.

Исчистете грејна плоча или пегла - било какви наслаги на пегла може да отстраните со помош на сол. Ставете сол на хартија или стара памучна крпа и почнете да пеглате со врела пегла, со благо притискање. Темните флеки и нечистотиите ќе се залепат за солта, оставајќи ја плочата чиста.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега