Србинка загинала на денот на својот роденден - сакала само да се повози со мотор

 

20-годишна девојка од Србија вчера загинала во страотна сообраќајна несреќа на денот на својот роденден.

Се работи за Маја Димитријевиќ од Србија која заедно со 39-годишниот Мирослав Милановиќ се возела на мотор марка Кавасаки. 

Маја била студент на Академијата за уметност во Белград, а во родниот Алексинац сошла за да го прослави својот роденден со друштво. Желба за роденден и било да се повози со мотор, па Мирослав и ја исполнил таа желба.

-На Маја и беше роденден на први мај. Во четвртокот отиде во дискотека за да го прослави роденденот со пријателите. Со неа беше и мојата сестра, околу 23 часот излегоа од дома, таму ги чекаше целото друштво. Во некое време се појавил Мирослав со моторот. Маја сакала да се повози, а мојата сестра не и дозволила. Таа инсистрирала, тетка и за запирала. Сакала само да се повози „еден круг“. И веќе не се врати, низ плач раскажува нејзината неутешна мајка Даниела, пишува Блиц.

ФОТО: Блиц 

 

најчитано сега