Заменик-министерот Темелковски се обрати на трибина за загадувањето на Кавадарци

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски синоќа во Кавадарци се обрати на трибина посветена на загадувањето на градот.

- „Фени индустри“ е под строг инспекциски надзор и е на добар пат целосно да ги имплементира еколошките стандарди. Досега од оперативниот план е имплементирано 60 проценти, а очекувањата на државата се дека до крајниот рок, први април следната година, стандардите ќе бидат стопроцентно имплементирани, нагласи Темелковски.

Според Темелковски, дополнително ќе биде соопштен конечниот став околу барањето на компанијата да го зголемат учеството на иситнета гума во печката од 15 на 25 проценти.

Инаку, трибина посветена на загадувањето на градот е во организација на еколошкото друштво „Еко живот”, со поддршка од претседателот и советниците во градскиот Совет.

27.09.2013 - 10:41

најчитано сега