Внимавајте да не претерате - научниците открија колку јајца дневно смее да се јадат
Сакате јајца, но не знаете колку јајца дневно би смееле да изедете? Дознајте дали имате причина за грижа…
Според зборовите на нутриционистот Кери Ганса, автор на книгата “Мали промени во исхраната”, две јајца дневно за еден просечен човек се сосема прифатливи. Но, едно нешто дефинитивно треба да имате на ум!
– Мора да водите сметка за целокупната исхрана, особено при вносот на заситени масти. Да кажаме, дозволено е да изедете две јајца дневно, тоа е во ред. Но ако го сакате омлетот, а притоа му додавате уште и сирење, тогаш дефинитивно значајно сте го зголемиле вносот на калории и заситени масти, советува понатаму Ганс
Некои луѓе пак ги избегнуваат жолчките и мислат дека со тоа прават добро нешто за своето здравје, а тоа и не е сосема вистина.
– Постојат одредени нутритиенти во жолчката коишто нема да ги внесете ако јадете само белка. Сите витамини растворливи во мастите се во жолчката, па ако ја избегнувате, можеби го намалувате вносот на мастите, но истовремено си ускратувате и многу важни нутритиенти, вели овој нутриционист.
Заклучокот од целата приказна е дека дозволениот внос на јајца зависи од целокупната ваша исхрана. Едно поголемо јајце содржи околу 80 калории, пет грама масти и шест грама протеини. Според тоа, ако веќе внесувате доволно протеини и масти од други намирници, омлетот од неколку јајца со сирење секако не е добра идеја.
Од друга страна пак, ако стоите послабо со протеините, слободно додадете уште неколку јајца во исхраната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа