Пожар пепелоса плевна во Тетово

 

Вчера пламени јазици проголтале плевна во Тетово. Се работи за плевната на 40-годишниот И.Ф. од Теарце кај кој пожарот направил штета од 10.000 евра.

Како што пренесе МИА, плевната имала и приземје и кат при што од пожарот целосно изгорела дрвената конструкција и покривот, како и 300 бали детелина, 180 бали слама, 10 кубни метри буково огревно дрво, една мелница за пченка и неколку алатки.

Потпаролот на СЦР Тетово, Марјан Јосифовски, во изјава за МИА вели дека во справувањето со огнената стихија учествувале тетовските пожарникари и месните жители кои го спречиле негово натамошно ширење и загрозување на блиските објекти.

Вкупната материјална штета се проценува на околу 600 илјади денари.  

Сеуште не е откриена причината како избувнал пожарот.

 

27.09.2013 - 09:43
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега