Исчезна авионот со кој патуваше најголемото засилување на Кардиф

 

Кардиф го урна клупскиот рекорд откако потпиша со Емилијано Сала од Нант за сума од 15 милиони фунти, но авионот во кој леташе фудбалерот го снема од радарот.

Сала со приватен лет од Нант требаше да слета во Карфид, но авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер исчезна од радарот.
 
Тој исчезнал од радорот во близина на светилникот Каскетс кој се наоѓа во центарот на еден остров на средина од птот од Франција до Велс.
Се работи за мал авион кој може да пренесе до пет патници.
 
„Многу сме загрижени поради вестите со авионот на кој му се губи секаква трага кај Ламанш. Очекуваме официјални вести пред да излеземе со потврди. Загрижени сме за Сала“, стои во соопштението на претседателот на Кардиф, Мехмет Далман.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега