Попоски се сретна и со својот бугарски колега Вигенин

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од премиерот Никола Груевски, покрај учеството на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, вчера на маргините на генералната дебата оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин.

-На средбата, двајцата Министри се осврнаа на актуелните политичко-економски прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку реализирање на конкретни проекти што се од интерес на граѓаните од Македонија и Бугарија. Акцент беше ставен на европската перспектива на регионот, која може да биде реалност само преку отворен дијалог и соработка. Двајцата министри се согласија дека би можело наскоро да има средба на Мешовитиот комитет за економска соработка, стои во соопштението од МНР.      

27.09.2013 - 08:39
Фото: 
mfa.gov.mk

најчитано сега