Голем одзив од граѓанските организации на поканата за соработка на Бесими

 

Денеска во Владата на Република Македонија се одржа воведен состанок со претставници на граѓанскиот сектор во врска со програмирањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) 2014-2020.

На присутните им се обрати вицепремиерот Фатмир Бесими, претставник на Генералниот Секретаријат на Владата на РМ, како и  претставник на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

- Вашето присуство претставува уште еден сигнал дека Владата го цени и го почитува придонесот на граѓанскиот сектор во севкупниот развој на општество, доброто владеење и демократските процеси. Целта ни е преку инклузивност и транспарентност да дадеме заеднички придонес кон предложување на нови корисни проекти, за кои Европската унија ќе обезбеди средства за финансирање, истакна Бесими на состанокот.

26.09.2013 - 16:34

најчитано сега