Крадците не запираат - украдени 420.000 денари од стан во Тетово
Синоќа на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ без број во Тетово бил ограбен стан во кој привремено престојува албанската државјанка С.М.
Според информациите од МИА, крадци влегле во станот на 31-годишната Албанка и украле 420.000 денари.
- Крадците го искористиле нејзиното отсуство, насилно ја отвориле влезната врата од станот, целосно ја пребарале внатрешноста и од спалната и другите простории одзеле повеќе парчиња разновиден златен и накит од „Сваровски“, три женски часовници, два мобилни телефони како и 2.000 евра во разни апоени кои биле во паричник, 30 илјади денари и лаптоп. Вкупната материјална штета според С.М се проценува на околу 420 илјади денари, рече Јосифовски, потпаролот на СВР Тетово, за МИА.
Полицијата работи на откривање на сторителите.