Попоски се сретна со Филе

 

 

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски вчера вечерта во Њујорк се сретна со комесарот за проширување на Европската Унија Штефан Филе. КАко што информираат од кабинетот на министерот, на средбата се се зборувале пред се за редовниот извештај на Европската Унија за Македонија и за напредокот на Македонија во целина.

- Се разговараше за некои детали за извештајот за напредокот, во рамките на настаните во изминатите месеци. Се разговараше и за можностите како да се забрза динамиката на евро-интеграциите, изјавила македонската делегација во Њујорк за МИА.

Утре вечер, македонскиот премиер Никола Груевски ќе има свое обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, а следниот ден ќе се сретне со генералниот секретар Бан Ки-мун. Од кабинетот на Бан Ки-мун најавиле дека по неколку недели амбасадорот Метју Нимиц ќе свика средба на двајцата посредници во разговорите.

26.09.2013 - 09:07
Фото: 
www.mfa.gov.mk

најчитано сега