ВИДЕО: Антимакедонска навивачка група на Шкендија со пари од буџетот ја промовира Македонија
Иако постојано ја негираат Македонија, ја исвиркуваат химната, пропагираат формирање на Илирида навивачите на Шкендија или Балистите, станаа промотори на земјава благодарение на Министерството за култура, кое реши со буџетски пари на скандалозен начин да финансира промотивен клип со наслов „Запознајте ја Македонија“, пренесе Спорт1.мк.
- „Ако го посетите Тетово нема да запознаете човек, без разлика дали е млад или стар, кој нема да каже 'јас сум Балист'. Песните кои ги пеат, кореографиите кои ги прават, тоа е шоу што не се пропушта“, е делот од видеото.
За навредите кон Македонците, македонските девојки, инцидент имаше пред нешто повеќе од еден месец, кога беше нападнато кафуле во Тетово полно со Македонци, а предизвикано од поголема група на навивачи на Шкендија.
Ова видео предизвика лавина коментари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа