Јанкулоска и Пешевски на средба со баронесата Д'Соуза

По средбата со собранискиот спикер, баронесата  Френсис Д’Суза оствари средба и со Владимир Пешевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Остварувањето на постојани контакти помеѓу високи претставници од Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, стои во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот, нуди можност за продлабочување на соработката помеѓу земјите, особено за интензивирање на солидните трговски односи.

Министерката Јанкулоска изразила задоволство од досегашната соработка со Велика Британија во областа на безбедноста. Според неа, високата доверба помеѓу безбедносните институции и континуираната размена на информации покажува дека Република Македонија прерасна во достоен и релевантен партнер на службите и оти се отвара простор за понатамошно продлабочување на соработката. Таа се заблагодарила за поддршката и помошта од страна на Велика Британија и истакнала дека со сите досегашни меѓународни акции и операции во областа на борбата против тероризмот и останатите видови транс национален криминал ја вбројуваат Македонија меѓу земјите кои без дилема се ставаат на страна на мирот и борба против криминалот, додека вицепремиерот Пешевски ги истакнал заложбите на Владата за креирање поволна и конкурентна бизнис клима и ги презентираше погодностите за инвестирање за домашните и странски компании. Британската компанија „Џонсон Мети“, која во 2012 година започна со изградба на втора фабрика во индустриската зона Бунарџик, беше посочена како успешен пример за британска инвестиција во Македонија.

Инаку, трговска размена помеѓу двете земји бележи континуиран раст.

25.09.2013 - 15:36

најчитано сега