Сахара балкански мировен фестивал во Скопје

 

Првиот „Сахара балкански мировен фестивал“ ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје.

По тој повод денеска на плоштадот „Македонија“ се одржа мултимедијален перформанс со кој изведувачите, поп ѕвездите, организаторот Сахара групацијата ги повикаа миротворците да дојдат во Скопје.

- Многу ни е драго што сме дел од ова и вложуваме напор да го манифестираме мирот во светот и секаде наоколу, изјави Амриш Чандра координатор на „Сахара балканскиот мировен фестивал“.

На фестивалот учество ќе земат познати актери музичари, политичари, невладини организации што се злагаат за мир во светот.

Мировниот фестивал ќе биде отворен со штафетата на мирот која што ќе ја носат македонски јавни личности, а официјалното ќе почне со полноќниот настан на Камен мост, кога симболот на обединување и премостување како и центарот на Скопје ќе бидат обоени во сино.

25.09.2013 - 15:10
Фото: 
МИА

најчитано сега