Иванов: Регионалните иницијативи целосно ќе се реализираат по влезот на регионот во ЕУ
Шефот на македонската држава, Ѓорѓе Иванов, кој денеска во Дебар се дружеше со дечиња-спортисти од седум македонски градови, изјави дека сите регионални иницијативи ќе можат целосно да се реализираат по влезот на регионот во Европската унија.
- Има многу иницијативи во регионот, меѓутоа целиот регион е фокусиран, пред се, да биде дел од Европската унија, така што, кога ќе бидеме во ЕУ сите регионални иницијативи ќе можат целосно да се реализираат, изјави претседателот Иванов кој беше дел од „Спортски Бон-Тон" во Дебар.
Инаку, иницијатива на Лукшиќ предвидува соработка во областа на инфраструктурата, намалување на трансакциските трошоци за стопанството и борба против организираниот криминал помеѓу Македонија, Црна Гора, Косово, БиХ, Србија и Албанија.