Претседателот Иванов со „Спортски Бон-Тон“ се дружеше со дечиња од седум македонски градови

 

Карванот „Спортски Бон-Тон“ денеска престојуваше во Дебар, а со учениците од седум градови од Македонија се дружеа и шефот на државата Ѓорге Иванов,и дебарскиот градоначалник Ружди Љата.

- Задоволство е да се види како деца од повеќе општини другаруваат и како меѓусебно се почитуваат. Всушност, Дебар е вековен пример за меѓусебно почитување, така што и преку овој проект се трудиме оваа традиција на Дебар да продолжи и да биде позитивен пример и децата кои дошле од други општини да се запознаат со своите дебарски другарчиња, да спортуваат и преку спортот тоа да го учат, изјави претседателот Иванов.

Според Иванов, се прават напори децата да научат како да го почитуваат противникот, како да ги почитуваат правилата кои важат и во спортот и во животот, додека за градоначалникот Љата посебно задоволство за Дебар е што претседателот и деца од повеќе општини се гости на градот.

- Тоа значи дека доколку ние возрасните не дојдеме до тој разум да размислумаве за Европа, децата веќе почнале да живеат европски и се надевам дека така и ќе продолжи и Македонија и сите ние, рече Љата.

Покровител на настанот е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со поддршка и од амбасадата на САД во нашата земја. 

25.09.2013 - 14:27

најчитано сега