Македонците преку „Топол дом“ ја покажуваат хуманата страна - две донации во Гевгелија

Се повеќе Македонци ја покажуваат својата хумана страна во рамки на акцијата „Топол дом“. Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и општината Гевгелија денеска испорачаа две донации во Миравци и Гевгелија.

Првата домација отиде во рацете на многудетно семејство од Миравци на кое што еден гевгеличанец му донираше комплет спална соба. Втората донација во рамки на акцијата „Топол дом“ е наменета за дете без родители и родителска грижа од Гевгелија. На детенцето му беа донирани трпезариска, компјутерска и кујнска маса.

Акцијата која успешно се спроведува има за цел граѓаните кои имаат предмети што не им се потребни, да им ги донираат на оние кои ги немаат, а на кои истите им се неопходни за живот.

24.09.2013 - 16:37
Фото: 
Влада

најчитано сега