Европратеникот Кукан: Македонија одамна требаше да ги почне преговорите за ЕУ

Едвард Кукан уште една ја искажа својата поддршка за влезот на Македонија во Европската Унија. Европратеникот кој  беше еден од говорниците на парламентарниот семинар што вчера и денеска се одржа во македонското Собрание,изјави дека Македонија одамна требало да го почне процесот на преговори за влез во ЕУ и изрази надеж дека Извештајот за напредокот на земјата оваа година ќе ја содржи истата препорака.

- Мислам дека тоа требаше да се случи одамна, но не е фер комисијата четири последователни години да дава препораки кои се целосно поддржани од Европскиот парламент. Ние ќе ја усвоиме истата резолуција оваа година. Во Советот, кој ги донесува финалните одлуки, за жал, не не слушаат нас. Тие секогаш одлуката ја одлагаат за шест месеци. Јас искрено се надевам дека Извештајот оваа година ќе ја содржи истата препорака, а Парламентот секогаш го поддржува процесот на проширување и се надевам дека оваа година ќе остане на истиот став, изјавиевропратеникот.

Според Кукан, извонредно е тоа што македонската Влада успеала да ја одржи поддршката на јавноста за членство во Унијата.

- Многу е значајно што Владата на Република Македонија успеа да ја одржи јавната поддршка за влез во Европската унија. Македонија повеќе години е земја кандидат и да ја одржиш надежта на народот, на јавноста дека европскиот филтер е добар за земјата е навистина извонредно и треба да биде поздравено, посочи Кукан.

Европратеникот додаде и дека смета дека Европската комисија објективно ќе ја оцени ситуацијата во Македонија.

24.09.2013 - 15:43
Фото: 
Евести

најчитано сега