Владата тврди: Нема дозвола за ГМО храна во Македонија

Македонија нема правилник кој овозможува увоз на ГМО добиточна храна. Ова денеска го посочија од македонската Влада во врска со дебатата која се отвори во јавноста околу увозот на ГМО добиточна храна, со цел да се избегнат сите нејаснотии.

- Во Република Македонија нема правилник кој овозможува увоз на ГМО добиточна храна, а Владата ќе пристапи кон донесување соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Република Македонија, истакнаа од Владата.

Воедно, од Владата посочуваат и дека премиерот Никола Груевски нема потпишано правилник или одлука која ќе овозможи увоз на ГМО добиточна храна.

Досега до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни.

24.09.2013 - 15:38

најчитано сега