Судскиот процес за убиствата кај Смилковското езеро ќе започне од почеток?!

 

Судскиот процес за убиствата кај Смилковското езеро,кој се води речиси една година,најверојатно ќе се врати од почеток.

Денешното рочиште од судењето беше одложено, откако беше утврдено дека адвокатот на еден од обвинетите е во роднинска врска со еден од поротниците.

Семејствата на четирите момчиња се незадоволни од водењето на судкиот процес и се жалат дека сеуште не им се одговорени многу прашања.

Во процесот  обвинети се  Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири, се очекува да им се приклучат и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои беа фатени на Косово поради нелегално поседување на оружје.

24.09.2013 - 14:49

најчитано сега